* Television! Teacher, mother, secret lover.
Homer Simpson
Упатство за приемСигналот на BoomTV го примате преку обична ТВ антена. Нема посебен вид на антена за прием на дигитален сигнал. Повеќето корисници ќе можат да ги искористат постојните антени доколку не се оштетени или погрешно насочени. Пред изборот на антена утврдете во која зона на покривање е вашето место на инсталација (проверете на мапата на покриеност или консултирајте се со продавачот на BoomTV пакетот). СОБНИ АНТЕНИ можат да се искористат во подрачјата кои се обележани со црвенa боја на нашата мапа на покриеност. Во портокаловите подрачја можно е да се јават потешкотии во приемот на сигналот со собна антена. Доколку немате надворешна или собна антена, побарајте од Вашиот продавач да Ви препорача антена од нашата продажна програма. Пред стартувањето на приемникот проверете дали антената е поврзана и насочена кон една од предавателните точки во ваша близина. Консултирајте се со продавачот на BoomTv пакетот. Препорака: за добар прием користете ДИПОЛ внатрешни или надворешни антени. Ако имате антена (внатрешна или надворешна) со засилувач и сепак постојат проблеми со приемот, намалете го или целосно исклучете го засилувачот. Доколку користите собна антена, оддалечете ја од електронски уреди кои зрачат (WiFi рутери, микробранови печки, FIX GSM уреди...) Постојната кабелска инсталација не може да се искористи за прием на дигитален сигнал. За проверка на квалитетот на приемот, отворете го менито на приемникот, изберете: Потоа изберете: За какви било информации или решавање проблеми јавете се на 02/181 |